Невработеноста падна за 0,1 отсто

Bez autora
Dec 18 2013

Стапката на невработеност во земјава во третиот квартал од 2013 година изнесува 28,7 проценти. Според објавените податоци на Државниот завод на статистика, бројот на невработени лица изнесува 273.860 лица. Во однос на вториот квартал годинава стапката бележи намалување од 0,1 отсто, кога бројот на невработени лица изнесувал 274.969. Повеќе од половина од невработените, или 52,2 отсто се на возраст меѓу 15 и 24 години, а 27,7 проценти од невработените се на возраст од 25 до 49 години. Лицата на возраст меѓу 50 и 64 години зафаќаат 21,7 отсто од вкупно невработените во земјава. Според образованието, со четири години средно школо се 114.350 невработени, а со високо има 41.509 лица без работа.

Невработеноста падна за 0,1 отстоСтапката на невработеност во земјава во третиот квартал од 2013 година изнесува 28,7 проценти. Според објавените податоци на Државниот завод на статистика, бројот на невработени лица изнесува 273.860 лица.

Во однос на вториот квартал годинава стапката бележи намалување од 0,1 отсто, кога бројот на невработени лица изнесувал 274.969.

Повеќе од половина од невработените, или 52,2 отсто се на возраст меѓу 15 и 24 години, а 27,7 проценти од невработените се на возраст од 25 до 49 години. Лицата на возраст меѓу 50 и 64 години зафаќаат 21,7 отсто од вкупно невработените во земјава.

Според образованието, со четири години средно школо се 114.350 невработени, а со високо има 41.509 лица без работа.

Стапката на активност во третиот квартал од годинава изнесува 57,3 отсто, а активното население во земјава брои 957.417 лица. Најмногу вработени има во преработувачката индустрија каде што работат 134.339 лица и во земјоделскиот сектор со 127.747 вработени.

Најмалку, пак, вработени има во секторите уметност забава и рекреација, 9002, и во рударство и вадење на камен каде што има 7.500 вработени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik